(ФОТО) На два бала исто облечена: Омилениот фустан на Зорица Заева

Добивај вести на Viber

Викендов во Скопје се одржа традиционалниот Виенски бал. Дел од гостите беа и премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица. 

Заеви на Виенскиот бал во Скопје

Додека премиерот беше во класичен костим, Зорица се одлучи за истата црна тоалета која ја носеше пред две недели на Виенскиот бал во Виена, каде беа почесни гости на канцеларот Себастијан Курц.   

Заеви на Виенскиот бал во Виена

И косата на сопругата на Зоран Заев беше во сличен стил како пред две недели, фатена на една страна. Единствено што во Виена таа се одлучи за испеглана варијанта, а во Скопје за локни.