Моден фокус // Трендови
(ФОТО) На хуманитарен настан: Кејт Мидлтон заблеска во лелеав фустан
Совршен летен стајлинг
Кејт Мидлтон беше во посета на центрите за помош на сиромашните, а на средбата со тамошните луѓе, кои ги користат услугите на тој центар, не можеше да ги сокрие солзите.
Помина неколку часови разговарајќи со нив и ветувајќи им дека ќе им помогне.
Она што предизвика големо внимание, како и секогаш кога станува збор за неа, е нејзиниот стајлинг.
Овој пат, таа избра бел, лелеав фустан кој ја нагласува половината. Со оваа комбинација, таа избра бели салонки, со кои ја заокружи оваа модна приказна на најдобар начин.
Минималната шминка и косата - брановидно стилизирана, се нешто од што таа со години не отстапува, а без сомнение, белата боја изгледа одлично на неа.
извор:zenskikutak