(ФОТО) На неговиот шарм паднаа многу девојки: Љубовниот список на заводникот Биковиќ
Приватниот живот на популарниот актер Милош Биковиќ е на релација Србија - Русија и тој вешто се обидува да го држи настрана од јавноста.
Сепак не успеа да ги сокрие сите негови љубовни врски, кои беа од голем интерес, особено за неговите фанови.
Според неговите досегашни врски, јасно е дека актерот преферира модели и актерки.
Кои се девојките во животот на Биковиќ:
Софија Милошевиќ (Србија), манекенка
Сите беа воодушевени од овој пар, кој јавно ја потврди врската. Иако веќе долго време помина од нивната разделба, таа се појави и на премиера на филмот „Јужни ветар“, а се појавува и во сцена во филмот „Хотел Белград“ во кој глуми Биковиќ.
Софија Мило сега е во врска со фудбалерот Лука Јовиќ од кој очекува и дете.
Бранкица Себастијановиќ (Босна и Херцеговина), актерка
Се запознале на снимање на серијата „Самец во брак“ во која ги толкуваа главните улоги. Јавноста очекуваше дека парот ќе се венча, сепак се разделија.
Саша Лус (Русија), актерка и модел
Од миленичка на Карл Лагерфилд и ѕвезда во модната индустрија, таа заплива во актерските води и се прослави со улогата на Ана во истоимениот филм.
Двојката често се појавуваше во фотосесии за познати списанија.
Аглаја Тарасова (Русија), актерка
Заедно глумеа во филмот „Лед“, а двојката беше заедно една ипол година.
Барбара Таталовиќ (Србија), модел и актерка
Тие во почетокот ја криеа врската, но со тек на време ја потврдија и јавно се експонираа. По нивната разделба, и Барбара реши да се испорба во актерските води, па имаше кратко појавување во филмот „Хотел Белград“.
извор:mondo
-Милош Биковиќ откри дека е Македонец: Убавиот актер е од Берово
-Моите беа богати, но изгубивме сè: Милош Биковиќ за семејството и братот монах