Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Најбизарниот костим за капење: Дали би го носеле?
„Towlkini“ или во превод пешкир и бикини е новото парче за на плажа. Ваквиот костим за капење го креираше дизајнерката Ери Мекманус (Aria McManus).
„Towelkini" изгледа како два споени пешкири со отвор за главата, рацете, задникот и нозете.
Иако би требало да заштеди простор во торбата за плажа и да го олесни сончањето, сепак ова парче спречува рамномерно сончање на целото тело, а е незгодно и за капење, бидејќи ретко кој би сакал да плива со пешкир на себе.
Ова летно парче го има во розова и жолта боја, а доста жени се согласија дека има практична намена.
Некои жени коментираат и дека е одличен избор за лежерна дневна прошетка, иако тоа не е неговата прва намена.