(ФОТО) Најдобри дестинации за жените кои уживаат да патуваат сами
Лили Елдриџ е една од оние храбри девојки која посетила 70 земји во светот и тоа патувајќи сама.
Таа советува кои дестинации се најдобри за женско соло патување според нејзините искуства.
Тајланд
Тајланд е одлична земја за соло патување, дури можеби и на врвот на листата ако преферирате да патувате сами. Луѓето се секогаш насмеани и расположени, а плажите се како излезени од некоја бајка. Главниот град, Бангок, е еден од највозбудливите градови во Азија, создаден за хедонисти.
Швајцарија
Иако треба да одвоите повеќе пари за ова патување, нема да се покаете за ниту еден денар. Ништо не може да се спореди со убавината на Алпите, пејзажите од природата и вкусот на швајцарското чоколадо.
Австрија
Австрија е извонредна земја со уште поубава архитектура. Таму ќе се чувствувате како да сте во бајка: прекрасни кафулиња, стари таверни, ски ресорти. Освен Виена, посетете го и Салцбург кој е преполн со прекрасни цркви и катедрали.
Никарагва
Освен што е релативно евтина, Никарагва е прекрасна земја во Јужна Америка. Задолжително посетете ги вулканите, особено вулканот Леон, а на вашата листа треба да се најде и посета на Laguna de Apoyo – природно езеро во кратер. Земјата е безбедна, но потребно е да знаете малку шпански за полесно да се разберете со населението.
Естонија
Во последниве години, Балтикот стана многу популарна дестинација за патување. Иако повеќето луѓе, особено жени, не се решаваат да патуваат таму сами, Естонија е мошне безбедна земја. Главниот град, Талин, е живописно место со богата историја и одличен ноќен живот. Има голем избор на хостели со прифатливи цени.