Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Најлошо облечена до сега: Критики за првата дама на САД
Американците како и изминатите години, така и оваа помпезно го прославија 4 јули Денот на независноста.
По тој повод, американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа одржа пикник за семејствата на војниците.
Меланија Трамп за оваа пригода одбра кариран фустан од Ралф Лорен со црвен појас од Александар Меквин и балетанки со потпис од Кристијан Лубутан.
Иако првата дама на САД како и секогаш изгледа средено од глава до пети, на социјалните мрежи наиде на голем број критики, од кои најмногу застапени беа оние кои го оценија нејзиниот изглед како патриотски.
Што мислите вие за изгледот на Меланија Трамп?