(ФОТО) Најмодерните фармерки за оваа сезона според трендсетерките

Добивај вести на Viber

Сите жени го обожаваат џинсот во сите изданија, а потрагата по совршените фармерки никогаш нема да ни здосади. 

Трендсетерките оваа сезона најмногу носат фармерки со опуштени кроеви, па така како број еден тренд кога станува збор за џинрот се фармерки со широки ногавици. 

Особено се популарни и фармерките со рамен крој, но тука се и вечните, тесни фармерки со висок струк.

Со доаѓањето на топлите денови, веруваме дека секој ден на улиците ќе гледаме жени со куси тексас панталони со должина до колениците. Овој модел уште лани се издвои како моден погодок и како денска и како ноќна варијанта.