Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Најпосакуваниот и најнеобичниот моден додаток за оваа зима
Секогаш кога ќе се појави нешто ново во модниот свет, многу брзо сфаќаме дека е во прашање парче кое некогаш некаде веќе сме го виделе, парче од рециклираните трендови кои во едно поинакво издание повторно е ИН. Овојпат тоа не е така и притоа овој аксесоар изгледа одлично!
Децении наназад јакната со пердуви е дел од вашата гардероба, а од пред неколку години ова првенствено спортско парче облека имавме можност да го гледаме и во комбинации со поелегантна форма, со костуми или со здолништа и високи потпетици, па дури и со свечени фустани.
Сега дизајнерите отидоа чекор понапред кога е во прашање овој исклучително ефективен изглед. Станува збор за таканаречениот Puff ефект, а како тоа навистина изгледа погледнете во продолжение.