Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Најпродавани бои за оваа пролет според Викторија Бекам
Пастелните бои и годинава се вистински тренд, ако судиме според модата која ја диктира Викторија Бекам. Британската трендсетерка, дизајнерка и поранешна пејачка вели дека деликатноста на боите всушност може да биде многу силна.
„Пастелните бои ќе бидат хит за оваа пролет, но и лето“, изјави Бекам уште лани, на почетокот на зимата.
Покрај сината (боја на небо), како најпродавани бои за оваа сезона се нежната зелена, бледо-жолтата, виолетовата во својата најнежна верзија и пудра бојата, незибежната розова.
„За оние кои допрва го испробуваат овој тренд, најбезболна за почеток е комбинацијата со белата или со сивата боја“, советува Викторија.