(ФОТО) Најзгодната српска актерка: Стилот на Јелена Гавриловиќ
Јелена Гавриловиќ важи за една од најубавите актерки во соседна Србија. Со нејзиниот раскошен актерски талент, харизма и атрактивен изглед, оваа 36-годишна дама привлекува огромно внимание, а особено после својата улога во хит серијата „Истине и лажи“.
Оваа актерка неуморно работи на повеќе филмови, серии и синхронизирање на цртани за деца.
Гавриловиќ е голем фан на Инстаграм и често споделува фотографии за своите следбеници.
Нејзиниот стил на облекување зрачи со самодоверба и е олицетворение на женственост и грациозност.
Јелена експериментира со гардероба и знае да износи секакви најразлични комбинации.
На секој моден избор му дава свој личен печат, а најмногу сака да носи лелеави фустани, кожена јакна и омилениот додаток-шешир.
За јавни настани избира елегантни и раскошни долги тоалети кои поради висината и витката линија, и стојат одлично.