Моден фокус // Трендови
(ФОТО) НАСКОРО ПОЛНИ 50 ГОДИНИ А ИЗГЛЕДА КАКО БОЖИЦА: Кајли Миног се враќа поубава и посилна како никогаш досега!
Откако на крајот на 2016-та се повлече од јавноста поради болната разделба од 19 години помладиот свршеник, британскиот актер Џош Сас кој ја искористувал поради слава и пари, а потоа и ја измами, Кајли Миног оваа година се вратила посилна и поубава од никогаш досега, па својот поранешен уште еднаш го потсети што изгубил.
Пејачката заблеска на својот концерт во Лондон во сатенска слип тоалета со светкаво златни детали и со отворени обувки а во ова издание мора да признаеме дека изгледала како вистинска дама со стил.
Можете ли да верувате дека оваа жена за месец дена ќе наполни 50 години? Ниту ние, бидејќи нејзиното лице ни тело никако не ги издаваат нејзините години.