(ФОТО) Не се грижат за трендовите: Млада двојка носи облека од минатиот век

Добивај вести на Viber

Ричард Херфелд и Стефи Кеј се запознале онлајн и набрзо се заљубиле еден во друг, но со својата романса оддаваат почит на некои други времиња - носејќи облека и фотографирајќи се искучиво во стилот на 20 - тите и 30- тите години од минатиот век.

Ноебичната двојка ги споила љубовта кон ретро облеката, иако се запознале на најмодерниот можен начин - преку интернет. Ричард и Стефи се облекуваат исклучиво во оригинални костими од 20 - тите и 30 - тите години на минатиот век.


Двојката, која живее во Торонто, се запознала на Инстаграм, каде илјадници луѓе го покажуваат својот единствен стил.


По само 10 дена допишување, Ричард од Германија заминал во Канада кај Стефи и оттогаш се неразделини. Денес живеат во нејзиниот стан, уреден во „Art Deco“ стил во Торонто, пишува DailyMail.


Станот е изграден во 20 -тите години и се наоѓа во истиот кварт во кој живееле нејзините баба и дедо.


„Мојот стил исто така е инспириран до Џин Харлоу и златниот период на Холивуд. Филмовите имаат огромно влијание на тоа како се облекува, а Ричард тоа и самиот го обожува“ - вели Стефи.


По долги години, 95% од нејзината облека се состои од оригинални ретро парчиња, а таа и Ричард дури носат фустани и костуми и кога се опуштени и седат дома.


Над 70% од облеката на Ричард се состои од оригинални парчиња, а тој точно 8 години се облекува во овој ретро стил.


Двојката редовно ја споделува својата љубов кон оваа мода на своите Инстаграм профили.