Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Некогаш бринета, сега блондинка: Федерика Могерини има одличен моден стил
Федерика Могерини е една од најмодерните европски политичарки. Таа е висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Таа е голем поддржувач на Македонија за членство во Европската унија.
(Фото-МИА)
Федерика е италијанска политичарка родена во Рим, Италија на 16 јуни 1973 година. По образование е дипломиран политиколг. Сопруга е Матео Ребезани со кого има две ќерки, Катерина и Марта.
И ако сега сите ја познаваме како блондинка, Могерини во почетокот на својата политичка кариера била бринета, но секогаш важела за моќна и убава жена.