(ФОТО) Некогаш и сега: После 22 години Илина Арсова повторно ја облече истата кошула
Илина Арсова првата Македонка која го искачи Монт Еверест, една од 60-те жени во светот кои ги искачиле највисоките врвови на сите континенти.
Таа е поттик за сите жени да веруваат во невозможното и да сонуваат!
Покрај нејзините успеси таа е позната за јавноста и како девојка на шоуменот Џамбазов, за чијашто љубов се пишува наголемо.
Сепак, за Илина познато е дека се грижи многу за животната средина и тоа го покажува и на социјалните медиуми, кревајќи ја свеста за заштита на природата.
Меѓу многуте работи кои можат да се направат за заштита на нашата планета Земја, е и рециклирањето на стара облека. Речиси 99% од текстилот и облеката може да се рециклира.
А токму тоа е она што го прави Илина. Таа покажува дека е еколошки одговорна, на природата возвраќајќи ѝ со рециклирање, односно реупотреба на нејзината стара облека.
Имено, таа објави фотографија од пред 22 години, кога имала само 14 години и фотографија од сега, на 36 години, на која ја носи истата кошула како во тинејџерските години.
Покрај тоа што покажа дека е во топ форма, и се' уште ја „собира“ во истата кошула од пред повеќе од 20 години, таа акцентот го става на рециклирањето на облеката и нејзината еколошка и општествена одговорност.
Секоја чест, треба сите да земеме пример од Илина!