(ФОТО) Некогаш мислевме дека е за „тетки“, а сега сите се луди по него: Најпродаваното парче облека во светот

Добивај вести на Viber

Макси фустаните отсекогаш се број 1, но последната година на модната сцена се врати и миди должината. Сепак, ова сезона во тренд е една многу специфична должина, популарно наречена мидакси, а како што самото име кажува –станува збор за мешавина од макси и миди модел.

Најдоброто кај овие фустани е тоа што навистина им стојат на сите, доста се разновидни и ќе им бидете многу благодарни доколку ги имате во плакарот, бидејќи никогаш нема да имате проблем што да облечете. Оваа должина е таква што завршува малку над зглобовите, баш таму каде што ногата е најиздолжена.

Без разлика дали ова е еден од најпопуларните трендови досега, продажбата е потврдена - во моментот, ова е најскапата должина на фустани и здолништа! 

Што мислите вие – како ви се допаѓа вам мидакси трендот?