(ФОТО) НИКОГАШ ПООПУШТЕНА: Меган Маркл во ваква модна комбинација не сме ја виделе!
Меган Маркл откри дека е договорена нејзината прва странска турнеја со кралското семејство. Имено, идната војвотка патува во Австралија каде ќе ги следи Инвиктус игрите.
Иако Меган и принцот Хари интензивно се подготвуваат за свадбата која е закажана за 19 мај, тоа не им пречело во извршување на распоредот за активности кои ќе ги имаат како брачен пар.
Вчера, Хари и Меган учестуваа во пробите за Инвиктус игрите а се појавија во лежерно издание.
Се работи за натпревар на спортисти со инвалидитет. Меган носела маичка со кратки ракави со логото на игрите, фармерки, мантил и црни чизми.
Хари во горниот дел се одлучил за тренерка, а двајцата во такво издание се дружеа со спортистите.
Иако во лежерен стил, идниот кралски пар го привлече вниманието на сите собрани, а од идната сопруга на омилениот принц се воодушевени сите.