(ФОТО) Носете фармерки како Викторија Бекам

Добивај вести на Viber

Викторија Бекам се опушти кога станува збор за облекување. Иако и понатаму носи своја колекција и не се откажува од високите потпетици, дизајнерката во својот стил почна да воведува поедноставни и лежерни парчиња, кои од паричник не мора да ви го извадат последниот денар. Фармерките се столб на секој модерен и добар стајлинг бидејќи не бараат премногу комплицирање, а изгледаат добро во комбинација со рамни или високи потпетици. 

Ако најдете добар крој на фармерки кои добро ви стојат, навистина не ви треба ништо друго освен некоја добра кошула или маичка со принт, која може да ја купите во речиси секоја продавница. 

Со фармерките одлично стои бела маичка со широк крој или ролка која визуелно ќе ја намали фигурата и ќе го нагласи струкот. Фармерките ¾ долги носете ги со мокасини и обична маичка, а по примерот на Викторија можете секогаш да ги комбинирате со некоја добра кошула со впечатлив принт. 

Инспирирајте се со фотографиите на кои јасно се гледа како Викторија ги комбинира сите тие едноставни парчиња, а изгледа фантастично.