(ФОТО) Нова година, нова модна утка: Само едно парче го расипа впечатокот

Добивај вести на Viber

Првиот ден од новата година модните критичари ја ставија на тапет Џенифер Лопез. Познатата актерка и пејачка пред неколку дена беше фотографирана во фармерки кои на социјалните мрежи веќе се прогласени за најомразено парче облека, но вчера се „истакна“ уште повеќе.

Видена на семеен шопинг со партнерот и со децата, славната Џеј Ло овојпат го украде вниманието со врзана бела маица искомбинирана со црно сако што ја следи линијата на телото и панталони од светол џинс. Надополнето со трендовски чевли, ова издание би требало да изгледа феномненално, но за жал не е така. 

Луѓето кои се бават со мода остро го искритикуваа нејзиниот избор на фармерки, кои според нив на пејачката која не е претерано висока дополнително ѝ ја скратуваат фигурата. За нив ова парче не е ниту особено атрактивно и им делува како нешто што Џенифер го извлекла од плакарот од пред неколку сезони.

Што мислите вие?