(ФОТО) Новогодишни фустани среде есен: Златната и сребрената Анета

Добивај вести на Viber

„ Еве сме, златна и сребрена варијанта, двете Анети“, вели фолк-пејачката Анета Наковска под фотографијата која ја објави со нејзината колешка Анета Мицевска, од групата „Молика“.

Двете Анети, златната и сребрената , светкави и дотерани како за Нова година, се фотографираа зад сцената во Македонската опера и балет, за време на дружбата на фолк-фестивалот “Роса“. Наковска избра долг златен фустан со шлиц и со јака, со кој го истакна деколтето. Мицовска пак, ѝ контрираше во сребрена боја, поумерено деколте, но со кус фустан.

Наковска со нејзиниот сопруг, бизнисменот Спиро Крлевски, веќе неколку години живее на релација Македонија-САД. Кога се овде, особено во летниот период, најмногу уживаат во семејниот дом во охридско Велгошти. Куќата е цела изградена од камен, а особено впечатлив е големиот дневен простор со внатрешен базен.

Мицовска е една од најангажираните фолк-пејачки од битолската група „Молика“ која често настапува за нашите иселеници во дијаспората.