(ФОТО) Омилената боја на Кејт Мидлтон поради која мажите ќе гледаат во вас
Секојдневните модни комбинации, покрај тоа што е подобро да се поедноставни, таа особина воопшто не ги прави да бидат лесни за избор. Напротив идеите за тоа што да облечете денес, а да биде различно од вчера и да не е исто како и од претходната недела, знаат да бидат исцрпувачки и да ни одземат многу време.
Оваа дилема можеме барем малку да ја намалиме во интензитетот. Кога постојат прашалници во вас во врска со вашите дневни модни комбинации, убаво е некогаш да имате во предвид, дека не секогаш парчето облека мора да е ново, или да правите разни екперименти со повеќе парчиња облека. Во вакви случаи изберете само една посилна боја како водич на вашиот стајлинг и другото се ќе се повлече стилски во ред.
Во овој случај ви ја препорачуваме жолтата боја, која е една од омилените на Кејт Мидлтон.
Со жолтата, жените оваа сезона ќе привлечат најмногу внмимание кај мажите, велат модните критичари. Таа шири пријатни и весели чувства, а доколку ја носите како дел од својот стајлинг, ефектот на ведрина и позитивност целосно ќе ви биде препишан. Во продолжение ви одбравме:
Целосно жолт стајлинг
Жолто сако како екстра додаток на секаков стил
Моќта на жолтите панталони
Жолто фустанче како најбрз и наједноставен избор
Дводелен жолт комплет