(ФОТО) Панчо со синовите: Андреја и Марјан се воспитани деца
Дел од дуото ДНК, Владимир Блажев - Панчо или Диџеј Шорти Пи на Инстаграм објави фотка со своите синови. Андреја и Марјан, кои Панчо ги има со сопругата Маја, навистина наликуваат на својот татко.
На прашањето какви деца се неговите синови и кои свои особини ги препознава кај нив, Панчо во интервју за Женски Магазин раскажа:
„Скромни и дружељубиви. Драго ми е дека се воспитани и лично јас имам некои принципи кои пробувам да ги имплементирам врз нив додека се мали. Деца како деца палави се и сè уште е рано да препознаам мои особини во нив. Среќен сум што Андреја сака спорт и во моментов тренира фудбал, а Марјан е маалска маскота што значи дека има големи шанси да тргне по моите стапки. Тоа значи тешко мене, но нека се живи и здрави. Како ќе старееме без проблеми, нели? “