(ФОТО) Панталоните на Кејт Миделтон се хит на сезоната

Добивај вести на Viber

Кејт Мидлтон во лежерни панталони лансира еден сосема нов тренд за сите девојки кои имаат доволно самодоверба и смелост да ги носат.

Овие панталони со висок струк и широки ногавици, со должина над глуждовите, оваа сезона се едни од најпопуларните парчиња. Сепак многу жени ги избегнуваат, бидејќи на почеток делуваат како парче кое не го истакнува женското тело.

Но погледнете уште еднаш! Ногавиците кои од колковите нагло се шират надолу и високиот струк прават илузија на совршено витка линија, особено ако додадете и ефектен ремен, како што во случајов има Кејт.

Доволно е да ги икомбинирате со кошула или маичка во една боја, а совршено стојат со патики или сандали.