(ФОТО) Панталоните за кои зборува цел Балкан: Идеални за свечености
Изминатиов викенд низ цела Србија главна тема на разговор беше свадбата на Вељко Ражнатовиќ, синот на познатата пејачка Светлана-Цеца Ражнатовиќ.
Пејачката, како и нејзината ќерка Анатсасија, носеа широки панталони- ѕвонарки.
Се чини дека некогаш најпопуларните панталони со широки ногавици во еден момент тотално паднаа во заборав поради фамозните тесни панталони, но очигледно е дека нивната елеганција се враќа во мода.
Панталоните кои ги покриваат обувките, не само што ја издолжуваат линијата, но и со било која блуза прават да изгледате елегантно, како да сте во најубава вечерна тоалета.
Минатата сезона и доста од познатите светски личности почнаа да се појавуваат во ѕвонарки, па модните брендови веднаш се зафатија со правење вакви модели.
Со кошула, блуза или топ- ваквите панталони може да бидат одличен избор за нечија венчавка, а предностите на пантолоните во однос на фустаните ни се многу добро познати.