(ФОТО) Пенелопе Круз во фустан кој визуелно ја намалува половината
Пенелопе Круз се појави на гламурозното шоу на модната куќа Шанел, наречено „Metiers d’art“ , во Париз, каде беа претставени новитетите за претстојната година.
Шпанската актерка за оваа пригода носеше мал црн фустан, вечната класика која никогаш не излегува од мода.
Мини моделот со длабоко деколте носи потпис на креативната директорка Вирџинија Виард од колекцијата есен/зима 2020 година.
Фустанот е направен од комбинација на цила и тул, а одлично стои на фигурата на славната актерка.
Набраните ракави и здолништето со балерина крој визуелно ја намалуваат половината, која Пенелопе додатно ја нагласи со сребрено ременче.
Аутфитот го заокружи со сандали на платформа кои визуелно ја продолжија целата нејзина фигура, како и црна чантичка и висечки обетки.