Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Пипа Мидлтон во очајно издание: Сестрата на модната икона Кејт направи голема модна грешка
Иако нејзината родена сестра Кејт Мидлтон важи за модна икона, и чиј стил го копираат милиони жени ширум светот, тоа од неодамна не може да се каже и за Пипа Мидлтон.
Таа се појави на хуманитарна вечера организирана од British Heart Foundation, во едно од нејзините најлоши модни изданија.
Сестрата на познатата војвотка од Кембриџ облече долг шарен фустан, со карнери во пределот на рамениците, кои воопшто не прилегаат на нејзината градба.
Со црната тоалета со непотребни детали, искомбинира црвена чанта, а чевлите не се ни гледаа од предолгиот крој на фустанот.
Инаку станува збор за „Canopy Evening Dress“ од „Temperley London“ кој чини 2,995 долари.
Како вам ви се допаѓа?