(ФОТО) По 13 абортуси, роди ќерка која има 770 грама
Единаесет бремености на Лаура Ворсеј завршиле во првото тромесечие, а изгубила и две момчиња во 17-тата и 20-тата недела. Сепак таа и сопругот продолжиле да се трудат, и по 13-тиот спонтан абортус ја добиле ќерката Ива.
Првиот абортус се случил во 2008-ма година, а кога тоа се случило и по трет пат Лаура и нејзиниот сопруг Дејвид знаеле дека нешто не е во ред. По четвртиот абортус се упатиле на лекар, каде е откриено дека Лаура има антифосфолипиден синдром, исто така познат и како „синдром на леплива крв“, кој може да предизвика проблеми во бременоста.
Тоа е автоимуна болест кај која имуниот систем по грешка ги напаѓа некои од нормалните протеини во крвта.
- Учествувавме во различни обиди, ги направивме сите тестови, испробавме различни лекови, се надевавме дека нешто ќе помогне- раскажува Лаура, чии бремености не напредувале повеќе од неколку недели.
- Не знам како се носев со тоа, Дејв беше силен за двајцата. Тоа беше се за што живеев и размислував дека ако немам деца, која е смислата на животот- додава Лаура.
Тестирана била и плацентата на едно од момчињата, што покажало дека Лаура има хронична болест која го тера телото да се бори против бременоста.
- После тоа не бев сигурна дали сакам повторно да забременам, но докторката ме убеди дека ако има и само малку надеж, мора да се обидам, тоа го мислеше и Дејв. Си реков себеси дека тоа е последен обид- раскажува таа.
По бројни лекови, Лаура забременила по 14-ти пат. Докторката Квинби рекла дека користеле стероиди како би го потиснале имуниот систем на Лаура за бременоста да може да напредува по 24 недели, како би имала шанса да преживее.
Лековите го спречиле згрутчувањето на крвта, а Ива е родена со царски рез. Тежела само 770 грама.
- Дејв ја виде прв. Јас ја видов само од фотографиите кога се разбудив. Дури после три недели можев да ја земам во раце. Не предупредија дека може да добие сепса, но таа само продолжи да напредува. Читав за чудата на другите луѓе, а сега имам свое- раскажа Лаура.
По 11 недели во болница и закрепнување од бронхитис, Ива дошла дома. Сега има девет месеци, а нивниот случај служи како пример за многу двојки, пренесува ББС.