Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Полн погодок или катастрофа: Кардашијан ги шокира модните критичари
Ким Кардашијан синоќа се појави на модна ревија во Мајами и очекувано повторно сите зборуваа за нејзиниот стајлинг. Овојпат преовладуваа негативните коментари, а критичарите се согласија дека ѕвездата од реалните шоуа не знае за средина - или е полн погодок или е модна катастрофа.
Овојпат нејзиниот избор на облека не помина воопшто славно, особено што не испочитува едно основно модно правило кога е во прашање анимал принтот - доминацијата на само едно парче од аутфитот.