(ФОТО) Помина понеделник, почнав да вежбам: Лидија Кочовска се враќа во форма

Добивај вести на Viber

Лидија Кочовска серизоно реши да го смени начинот на живот и интензивно почна да посетува теретана. На почетокот од јануари, пејачката за Женски магазин изјави дека од понеделник ќе почне да вежба, и го одржа ветувањето. 

„ Линија? Години наназад сум "на полна", си кркам и уживам. Шегата на страна (да не бидам сфатена дека "од понеделник"), овој пат навистина од овој понеделник почнувам со вежбање. Се надевам дека овој пат баш очигледно ќе вроди со плод“, изјави еден од нашите најквалитетни женски вокали.

Иако долго не е присутна на фестивалската сцена, Лидија е вработена во хорот на Македонската опера и балет. Нејзинината песна „Ти си тој“ која стана евергрин е најбарана песна за отварање на свадбите и многу младоженци ја ангажираат токму неа да им ја испее. Освен обврските во операта, таа настапува на избрани приватни настани.

„ Нема веќе фестивали, манифестации, емисии како порано. Прифатив учество на "Макфест" 2014 година, за цена на онаа љубов која ја имав, како моја матична сцена, фестивал кој бил познат и признаен на бившите југословенски простори. Но, односот на организаторите и атмосферата беа очајни, а јас од тој настап и до ден денес ги немам добиено моите патни трошоци“, изјави Кочовска во интервју за Женски магазин. 

„ По моето кусо брачно искуство, сфатив дека потписот не значи буквално ништо. Би живеела и во вонбрачна заедница, како што живее и половина западен свет, но најважно е човекот до мене да е мој лојален партнер. Љубовта и поддршката се клучниот момент во остварувањето и во опстојување на вистинската релација“, додаде таа за својот љубовен живот. (М.Џ.)