Турунџиева ја посети најстарата книжарница во светот: Погледнете каква убавина е ова ремек дело
Една од најпрекрасните книжарници на светот се наоѓа во португалскиот град Порто и се вика книжарница „Лело“ (позната и како книжарница „Лело & Ирамо“ или книжарница „Шардрон“). Името доаѓа од браќата Лело кои и официјално ја отвориле книжарницата во 1906 година.
Книжарницата „Лело“ била основана во 1869 година од еден Французин кој се викал Ернесто Шардрон. Најпрво била наречена „Меѓународна книжарница на Ернесто Шардрон“, а потоа во 1894 година била купена од браќата Лело.
Токму ова прекрасно место беше дестинација која ја посети водителката, пејачка и писателка Сузана Турунџиева.
Турунџиева уживаше во посетата на најстарата книжарница во Европа и една од трите најубави книжарници во светот, и е момент кој ќе го памети цел живот-напиша таа на социјалните мрежи објавувајќи низа фотографии.
Надворешноста на книжарницата значително отскокнува од своето опкружување. Изгледот бил дизајниран од Франсиско Хавиер Естевес, португласки инженер и самото здание е едно од најистакнатите примери на нео-готски стил во Порто. Фасадата има голем лак, централен влез и два прозорци на двете страни од главната врата. Знакот со името на книжарата се наоѓа над влезот.
Најпрекрасниот дел од книжарницата е нејзината внатрешност. На приземјето има сет од барелеи кои ги претставуваат Хозе и Антонио Лело и бисти од неколку познати португалски писатели. Тие се создадени од португалскиот уметник Ромао Јуниор.
Величествени скалила водат кон првиот кат. Над скалилата има голем насликан прозорец кој ја содржи монограмата на браќата Лело и на неа е насликано и мотото на книжарницата „Decus in Labore“ (Достоинство во работата). Дизајнот на таванот личи на резбано дрво, но всушност се работи за насликан гипс.
Во 1994 година, книжарницата „Лело“ го добила статусот на Имот од јавен интерес. Во 1995 година, по декади на руинираност, книжарницата била реновирана. Се создал простор и за уметничка галерија, а целиот систем бил обновен и модернизиран. Денес, книжарницата има над милион посетители годишно.
За жал, незначителен дел од тие посетители купувале книги, па сопственикот морал да наплаќа влез за во книжарницата. Посетителот добива попуст на картата доколку купи книга. Тие пари му биле потребни за да може да го спроведе потребното реновирање. Во 2016 година, големиот прозор кој се состоел од 55 парчиња, конечно бил симнат, исчистен и поправен.
За многумина, ова е најубавата библиотека во светот. „Гардијан“ во 2008 година и „Лоунли Планет“ во 2011 година ја прогласија за трета најубава книжарница во светот. Списанието „Тајм“ ја смести меѓу петнаесетте најинтересни книжарници, а „Си-Ен-Ен“ во 2014 година ја прогласи за најубава книжарница во светот.
ФОТО: Фејсбук Сузана Турунџиева