Уникатна рачна изработка: Синот на Лозано го доби првиот подарок од неговата тетка
Кон крајот на минатиот месец поп-пејачот Влатко Лозаноски доби син. Јавноста беше изненадена, бидејќи пејачот никогаш во јавноста не се појавил со неговата понежна половина.
Лозано успешно ја криеше неговата љубовна врска од очите на јавноста, а многу повеќе од новинарите.
Она што е познато во јавноста е дека синот го носи името Марко.
Сестрата на пејачот, Марија која е професорка по македонски јазик, писателка, лектор, слободното време го користи за изработка на креативен накит. Па така со изработките ја создаде „Леана“, нејзин личен бренд за рачна изработка.
Сега Марија за внукот Марко го направи првиот подарок. Држач за цуцла изработен од дрвени мониста, на кое е испишано името „Марко“.
Фото: ИнстаграмРЖМ
Влатко Лозановски стана татко: Бебето доби уникатно име со посебно значење
Го дознавме името на новородениот син, а која е партнерката на Лозано?