(Фото) Позната плажа добива одмор од туристи

Добивај вести на Viber

Некогаш овој дел од тајландскиот рај, изолиран залив кој стана познат по филмот „Плажа“ (The Beac), со Леонардо Ди Каприо, беше исцрпен од масовен туризам.

Сега ќе се одмори од дневниот прилив на десетици бродови и илјадници посетители кои безуспешно се туркаат да го видат светлиот бел песок и бистрата тиркизна вода.

Заливот Маја на островот Fi Fi Leh во Андаманското Море ќе биде затворен за туристите четири месеци, за да им овозможи на коралните гребени и живиот свет да закрепнат од навалата која започна пред речиси две децении.

Тајландските власти промовираа неограничен туризам, но сега тврдат дека се стремат да постигнат рамнотежа помеѓу профитот и заштитата на животната средина. Се наведува дека заливот ќе се затвора секоја година.