(ФОТО) ПРАКТИЧНИ И НЕОДОЛИВИ: Оваа пролет ги носиме кошула-фустаните
Во мода беа уште минатата пролет, а очекувано се вратија и оваа.
Фустаните кои изгледаат како долги кошули во краток рок ги освоија симпатиите на бројни фанови на модата кои сигурно уште некое време нема да се откажат од ова практично и шик парче кое може да се носи од утро до вечер.
А ако судиме според уличната мода од светските модни метрополи, Инстаграм девојки, но и понудата во продавниците, во наредните неколку месеци кошулата - фустан ќе доминира во модните трендови.
Нивната магија е во тоа што истовремено се класични и модерни, едноставни и ефектни па лесно може да глумат и деловно и лежерно парче, што најмногу зависи од изборот на обувки.
Во прилог ви оди тоа што може да ги најдете во разни должини, кроеви, дезени и бои а може да ги комбинирате буквално со се.