(ФОТО) Предлог комбинации со бермуди: Топ тренд за оваа сезона

Добивај вести на Viber

Пролетта најубаво знае да расцвета во женскиот плакар. Нестрпливо очекувајќи ја, секоја жена мора да е стилски спремна за секој ден да може прекрасно да им одговори на пролетните предизвици. Велат внатрешната убавина е најважна, но надворешната прва плени по вниманието.

Модниот времеплов преовладува оваа пролет, па следно на топ листите за најдобро парче облека се кратките панталони или популарно наречени бермуди. Едноставно се неодоливи, а толку наменски и прилагодливи, што просто нудат повеќе комбинации во нивно друштво. 

Одберете бермуди во една боја и комбинирајте ги со бела кошула за класичен стилски изглед или бела ролка за опуштен попладневен стајлинг.

Најдоброто модно комбо дефинитивно се кратки панталони со долго сако. Може да одберете еднобоен комплет или да си играте со бои и да го украсите овој стајлинг со шарено сако. 

Не го исклучуваме и џинсот никако, со еднобојни мајчки и шарени аксесоари, ќе добиете заводлив изглед кој одамна сте го посакувале.

Спортскиот стил исто така се придружува кон овој тренд и нуди прекрасни лежерни комбинации на џинс бермуди со патики или црно бел изглед со кој никогаш нема да погрешите.


Подготви: Емилија Манасијева