Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Лепа Брена објави фотки од свадбата на синот кои досега не се видени
Лепа Брена и понатаму е под влијание на свадбата на Филип Живојиновиќ и пејачката Александра Пријовиќ.
Помина речиси недела дена од „свадбата на векот“ , младенците се и понатаму насмеани и изгледа дека уживаат во брачните води, а најголемата југословенска ѕвезда со денови објавува фотографии од гламурозната венчавка.
Венчаквката на Александра и Филип ќе остане убав спомен за пејачката, на која очигледно и се допаднал секој детаљ ... од гостите, преку атмосферата, до салата во која е организирана венчавката.
Откако објави фотографија со венчаниот кум, кој кумувал на нејзината венчавка со Бобо Живојиновиќ пред 20 години, во четвртокот се потсети и на прекрасната сала во која пред недела дена се забавуваа младенците со гостите.