(Фото) Престојувате во апартманот на Мерлин Монро за 1200 долари
За да се одбележи 92-тиот роденден на Мерилин Монро, денеска во „Lexington Hotel“ ќе биде отворен апартман со име „Norma Jean Suite“ (по Мерлин Монро). Апартманот, исто така, е домот што Мерлин накратко го делела со бејзбол легендата Џо Димаџо, откако двојката стапила во брак во 1954-та година.
Хотелот „Лексингтон" ја ангажирал фирмата за внатрешен дизајн „Fringe“ за да го реконструира апартманот, кој претходно беше познат како „Centerfield Suite“. “Centerfield Suite“ брои 600 квадратни метри, и има тераса од 200 квадратни метри.
Компанијата за дизајнирање на ентериер го уреди апартманот со детали кои потсетуваат на Монро и Димагџо во времето кога престојувале во Лексингтон. Црвените предмети низ целиот стан потсетуваат на нејзината омилена боја на кармин за усни; фотографиите од неа и Димаџо се обесени низ апартманот; има бејзбол палка, и чадорче; и во гардероберот има торби од брендот „Bloomingdales“ како референца за омилената продавница на Монро.
Монро, наводно, живеела во овој апартман, додека ја снимила нејзината позната сцена со „здолништето кое лета“ во „Seven-Year Itch“, која била снимена само неколку блока од хотелот. Апартманот „Norma Jean“ чини 1,200 долари од ноќ.