(ФОТО) Принцезата Мери со стајлинг без грешка за сите жени на 40-тина години
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, данската принцеза Мери (48) не се појавува често во јавноста. Тоа го прекина со доаѓање во една хуманитарна акција и ги засени сите со својот стајлинг.
Секоја година се издава посебна колекција на Божиќни поштенски марки за писма, а сите приходи одат во добротворни цели. Оваа година, овој настан беше почестен со доаѓањето на принцезата Мери.
Уште еднаш докажа дека многумина со причина ја сместуваат меѓу најдобро облчените жени. Појавувајќи се во виолетов стајлинг, таа предизвика само позитивни коментари, а модните експерти се согласија дека овој стајлинг е за чиста десетка и одличен предлог за сите жени на 40-тина година.
Монохроматскиот стил е многу популарен и оваа сезона, па нема да погрешите доколку носите само една боја од глава до пети.
Својот тенок струк Мери го истакна со ремен, а целата комбинација ја заврши со сив капут.
Фото: Profimedia