(ФОТО) Природна убавина: Првата дама на Аргентина е помодерна од Меланија Трамп и Бриџит Макрон

Добивај вести на Viber

Првата дама на Аргентина, Хулијана Авада со своите појавувања во јавноста докажува дека е вистинска „модна закана" на Меланија Трамп и Брижит Макрон, кои досега важат за први дами со најмногу стил. 

Таа со својот сопруг, претседателот на Аргентина е на турнеја низ Азија. За време на нејзината посета на азиските земји, таа со своите модни одлуки им оддаде признание на земјите што ги посети. 

Прекрасна бринета не може да остане незабележана секаде каде што се појавува, а нејзините релаксирани и елегантни модни комбинации наидуваат на одобрување на модните експерти. Затоа ја нарекуваат аргентинската Џеки Кенеди.

Нејзиниот вкус за мода не е изненадувачки, со оглед на тоа што доаѓа од сириско-либанско семејство кое поседува неколку модни брендови, а се додека не стана прва дама и таа беше една од вработените.

Стилот на Хулијана е пред се опуштен и женски. Таа сака лелеави фустани, особено оние со цветен дезен и необични модели, но не се плаши и да ризикува со обични фармерки кои ја истакнуваат нејзината фигура. 

Малку се шминка, негува природен изглед и фризурата и е обично опуштена.

Совршено ја познава модата, па затоа нема свој личен стилит.