Култура // Концерти
(ФОТО) ПРВ НАСТАП НА ЛЕПА БРЕНА ВО СТРУМИЦА ПО ЦЕЛИ 30 ГОДИНИ
По пауза од цели 30 години, Лепа Брена повторно настапи пред струмичката публика.
Балканската ѕвезда синоќа одржа концерт во рамките на фестивалот „Струмица Опен Фестивал“, а во нејзиното шоу уживаа фанови од цела Македонија, но и од соседна Бугарија.
Присутните уживаа во хитовите од богатиот репертоар на пејачката, а забавата кулминираше кога Брена го отпеа македонскиот евергрин „Како што е таа чаша“.
Во иста вечер настапи и евровизиската победничка Марија Шерифовиќ, која по концертот во Охрид на почетокот од месецов, повторно се дружеше со македонските фанови.
Седмото издание на „Струмица Опен Фестивал“ завршува вечерва со концертите на Саша Ковачевиќ, „Црвена јабука“ и „Дубиоза колектив“.