(ФОТО) Путин со омилените патики на официјален настан

Добивај вести на Viber

Не постои ништо подобро од удобни патики, кога знаете дека ќе бидете на нога цел ден. Се чини дека ова мислење го дели и претседателот на Русија, Владимир Путин.

Путин е фотографиран во тренди бели патики за време на посетата на школата за надарени деца во Сочи, на Црното море.

За време на посетата на образовниот сентар „Сириус“, Путин се распрашуваше за тоа како функционира школата и кои се планиовите за нејзин развој во иднина. Таа вечер, претседателот на Русија присуствуваше и на хокеј играта во Ледената арена Бољшој, во Континентал хокеј лигата, пишува „Russia Today“.

Брендот кој го носи Путин е омилен меѓу хипстерите ширум светот, но и рускиот лидер се вбројува меѓу првите. Тој претходно бил фотографиран за време на посетата на рускиот правослевен манастир во регион Псков, со истите патики.