(ФОТО) Работи кои не сте ги знаеле за природното чудо во Турција
Памуккале се вбројува меѓу најголемите туристички атракции во Турција која секоја година ја посетуваат повеќе од 2 милиони гости од целиот свет. Памуккале е комплекс од необични минерални извори во плитките варовнички базени сместени на југозападот во Турција во близина на градот Денизли.
Комплексот е долг 2000 метри, а широк околу 600 метри. Тој настанал како последица од земјотресот во долината на реката Мендерес. Преливањето на минералната вода и таложењето на минерали ги создадоа прекрасните базени исполнети со магична сина течност во која на туристите им е дозволено капење.
Памуккале во превод значи памучна палата или двор од памук. Името го доби пради неговата бела тераса потсетувајќи на плантажите од памук кои се многу чести во Турција.
Памуккале вклучува 17 минерални извори чија температура варира од 35 до 100 степени Целзиусови. Базените се сместени еден под друг, а тие се сместени на севкупна висина од околу стотина метри.
Во 2 век пред Христос покрај Памуккале е изграден бањскиот град Хиераполис, а денес се останати остатоци од староримската градба, споменици и храмови.
Памуккале заедно со Хиераполис е ставен на листата за светско наследство нa УНЕСКО во 1988 година.