(ФОТО) Раскош во Велгошти: Домот на Анета Наковска
Пејачката Анета Наковска со нејзиниот сопруг, бизнисменот Спиро Крлевски, веќе неколку години живее на релација Македонија-САД. Кога се овде, особено во летниот период, најмногу уживаат во семејниот дом во охридско Велгошти.
Куќата е цела изградена од камен, а особено впечатлив е големиот дневен простор со внатрешен базен. Комбинацијата на бетон, греди и локален камен на целокупната градба и даваат специфичен изглед кој претставува спој на модерната и рустикалната архитектура.
Во една прилика Наковска откри дека партнерот не само што ѝ дава максимална поддршка во градењето на естрадната кариера, туку дека и директно е вклучен во креативниот дел.
- Мојот маж се потпишува како косценарист и корежисер на видеозаписот за „Да се родат дечиња“. Спиро покажа неверојатен талент, смисли прекрасна приказна и одбра уникатни локации - ни откри во една прилика пејачката.
Во истото интервју изјави дека конечно го нашла човекот со кого посакува да се реализира како мајка.
- Таа зрелост и кај мене пристигна, да бидам искрена, малку подоцна, но веројатно сум го чекала вистинскиот партнер, мажот со кого посакувам да остарам-раскажа Наковска.