(ФОТО) Ретко кој би ѝ дал 62 години: Моден погодок на Сузана Манчиќ

Добивај вести на Viber

Најпознатата лото-девојка од поранешна Југославија Сузана Манчиќ, не крие колку ѝ e битен добриот изглед. Многумина не би ѝ дале 62 години.

„Токму ова ми требаше“ се пофали водителката на фотографијата на Инстаграм, на која е со нова фризура. „Моден погодок“, велат коментарите под фотографијата. „Сузи, ти нема рамна, ти си преубава и секси. Холивудска убавина. Кој е убав-убав е . Кралица“, се дел од останатите коментари. 

Минатото лето, Манчиќ се омажи за грчкиот бизнисмен Симеон Оксомос со кој е во врска последниве 17 години. На венчавката, најважни гости беа нејзините ќерки Наталија и Теодора Куниќ.