(ФОТО) Сакоата ѝ се слабост: Елизабета Канческа-Милевска доследна на стилот
Поранешната министерка за култура, а сега една од пратеничките од опозицијата која гласаше за отворање на уставните измени, Елизабета Канческа-Милевска е жена која секогаш внимава на својот изглед, а со оглед на стилот преферира лежерна и софистицирана елеганција.
Таа деновиве е актуелна со своите појавувања од кои може да забележиме дека секогаш става акцент на сакоата.
Во седницата на Собранието се појави во едноставно црно сако надополнето со голем ѓердан од бисери и брош.
За своето гостување во политичкиот магазин „360“ кој се емитува на ТВ Алсат, пак се појави во посвежа комбинација во интензивна розова боја. Сакото со специфични везени детали изгледа како вистински моден погодок.
Кога станува збор за дрес кодот на политичарите, неопходно е да се стави акцент на елеганцијата, која дополнително придонесува за поголема претставителност. Од друга страна, можноста за комбинации кај жените политичари е поголема токму поради изборот на дополнителни модни додатоци, кои може да бидат клучни за визуелниот изглед.
Поранешната министерка за култура која рекордни девет години беше на чело на овој ресор, има секогаш средена и фенирана фризура, и природен мејкап.