Моден фокус // Трендови
(Фото) Само за сопругот: Блек Лајвли со својата креација потсетува на Дедпул!
Актерот Рајан Рејнолдс активно го промовира вториот дел од филмот со супер херојот „Deadpoоl“. На прикажувањето на филмот во Њујорк, 42-годишниот актер беше придружуван од сопругата Блејк Лајвли.
Додека холивудскиот заводник беше облечен во костум од Брунело Кучинели, неговата сопруга 30-годишната актерка носеше креација од Брендон Максвел. Она што остана забележано беа боите на нејзиниот фустан црно и црвено, со кои дефинитивно потсетуваше на херојот од филмот, односно на својот сопруг. Сигурно и тоа и била намерата!
Во секој случај, одличен избор.