(ФОТО) Се криев и добивав погрдни зборови: По 4 години Ивона облече костим за капење

Добивај вести на Viber

Младата пејачка и влогерка Ивона Јовановиќ која има многу следбеници на социјалните мрежи, објави фотографии на кои е во костим за капење. Ивона вели дека се сликала во костим за капење по цели четири години, затоа што претходно мислела дека луѓето ќе ѝ се потсмеваат. 

„ Денешниот ден ми беше толку многу битен. Зошто? Затоа што после 4 години носам костим за капење и тоа јавно. Проблемот сум си го наметнала самата јас. Мислев дека во костим не можам да се појавам затоа што моето тело не е спремно за лето и за јавност. Се криев и не излегував во текот на летото на базени, одмори затоа што во средношколските денови добивав погрдни зборови од околината кога ќе се соблечев во бикини. Балканот ни сервира како да бидеме нормални. Мене ми сервираше до денес. Од денес па натака ќе го ослободам умот од тие предрасуди. Мислете што сакате. Дури и денес на базен добив неколку погрдни зборови, зад грб секако“, објави Ивона на својот Инстаграм профил. 

Ивона вели дека тој ден кога го облекла костимот за капење сфатила дека тежината не ја дефинира како човек.  „ Тежината e само бројка која од тој ден решив воопшто и да не ја забележувам во бележниците. Па некој ден доколку сум покачила 200 грама да се казнувам. Не! Повеќе не. Сакам да живеам. Сакам слободно да се движам. Сакам да дишам слободно. Кога излегов од пресоблекувалната и го облеков костимот велев на глас дека не можам да дишам. Мозокот ми се бореше и сигурно го прифаќаше фактот дека повеќе нема да може да контролира. Готово, крај е. Ова е крај на еден нов почеток“, вели Ивана. 

Пејачката додава и дека некои луѓе, кога ја виделе во костим за капење на базен, ја сликале со своите мобилни телефони. 

„ Истите слики од денес може да ги ставите на позадина на телефон. Затоа што од денес гордо ќе чекорам и одам во костим. Секое тело заслужува шанса и прилика да ужива.  А можам и да му се извинам што воопшто сум помислила дека не е совршено. Секоја несовршеност на него денес ја засакав.  A на вас кои ќе ја споделите сликата и ќе прокоментирате како групата на примитивни луѓе денес на базен можам само да ви посакам љубов. Да го засакате вашето тело и ум половина колку што јас си го сакам ќе ви биде доволно и ќе сте исполнети“, порача пејачката.