(Фото) Се што треба да знаете за медениот месец на Хари и Меган Маркл

Добивај вести на Viber

Додека Меган и Хари се подготвуваа за нивната епска кралска свадба, кружеа различни шпекулации дека двојката веќе избрала дестинација за меден месец, но и дека нивниот меден месец ќе биде одложен за да ги исполнат своите први кралски должности како војвода и војвотка од Саксекс.

По нивната наклонетост за сафари и нивната страст и напор за зачувување на живиот свет во Африка, беше објавено дека двојката ќе се упати во Намибија за нивниот меден месец, каде што најверојатно ќе ги поминат деновите во изолиран луксузен камп, не различен од нивното прво заедничко патување во Ботсвана, каде што, наводно, се вљубиле додека кампувале под ѕвездите. 

Сепак, извештаите кои се појавија денес, велат дека двојката има нешто друго на ум за својот меден месец. Извори за TMZ откриле дека парот планира патување во Алберта, Канада, поточно во Fairmont Jasper Park Lodge, кој се наоѓа токму во средината на Националниот парк Џаспер.

Покрај ова, деталите за наводниот меден месец во Канада, според Business Insider и TMZ велат дека двојката ќе престојува во Outlook Cabin, наречена „кралски престој“. 

Според веб-страницата на хотелот и Телеграф, кабината чини до 5.000 фунти (или 6.627 долари) по вечер.