Животна училница // Приказни
(ФОТО) Сека Алексиќ го откри полот и името на второто бебе
- 17 Јули, 2019
Пејачката Сека Алексиќ на почетокот на јуни оваа година се пофали дека е повторно во блажена состојба. Таа е во брак со Вељко Пиљикиќ, со кој го имаат има синот Јаков, а двојката не крие колку радост им донесе родителството.
- Најубавиот роденденски подарок што тато можеше да го добие. Ни пристигнува ИСАК! Пред се, фала му на Бога за се што нѝ дава- напиша Алексиќ под видеото на кое го открија полот на бебето.
Имено малиот Јаков откако дознал дека мајка му е бремена, цело време викал дека ќе добие братче и бил во право.
Инстаграм профилот на пејачката е преполн со семејни фотографии. Сека и Вељко очигледно максимално уживаат во родителство, а пејачката во бременоста блеска.