(Фото) Серена Вилијамс со патики на кралската свадбена вечера!
Серена Вилијамс, како и сите 200 гости на Хари и Механ за вечерата на Фрогмор Хаус, која ја организираше принцот Чарлс, го смени својот Версаче фустан кој го носеше во капелата „Св. Ѓорѓи" во замокот Виндзор, за вечерта. Тениската шампионка пристигна на церемонијата со нејзиниот сопруг Алексис Оханиан, во соодветен дневен изглед погоден за седење во интимниот дел од церемонијата на парот, хорската соба во капелата, резервирана само за семејството и најмилите пријатели на парот.
Вилијамс го смени фустанот на Версаче со прекрасна вечерна тоалета Валентино со кадифена блуза и смело печатено цветно здолниште. Како и нејзиниот фустан, изгледот беше поврзан со накит од Булгари ... но Вилијамс изненади со изборот на обувки. Очигледно, кога Вилијамс носи удобна облека, таа исто така носи и избор на чевли во кои се чувствува најпријатно во: патики.
Таа дури и признала дека често носи патики под вечерните свечени тоалети.
Патиките исто така беа Валентино.