(ФОТО) Северина му го оствари сонот на синот: Во Мадрид позираа со Кристијано Роналдо

Добивај вести на Viber

Иако поголем дел од годината и е исполнета со настапи, Северина сепак успева да издвои време за семејството и уживанција. Така по неодамнешниот хуманитарен концерт во Сплит, со сопругот Игро Којиќ и синот Александар избега на одмор во Мадрид.

Во текот на престојот во главниот град на Шпанија сопружниците посетиле еден од најпознатите и најубави стадиони, Сантијаго Бернабе. Северина и Игор се сликале во ВИП делот, а обожавателите и пријателите на пејачката не можеле а да не го пофалат парот. Освен што коментирале како се прекрасни, имало и коментари од типот како Северина изгледа како да има 25 години.

Брачната двојка Којиќ во Мадрид се дружеле со пријатели а покрај следењето на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Јувентус имаа ексклузивна можност и да се сликаат со ѕвездата Кристијано Роналдо со што му ја исполнија желбата на синот на Северина , Александар.

Малиот Александар кој Северина го има од првиот брак се сликал и дружел и со синот на Роналдо.