(ФОТО) Шеила (62) изгледа неверојатно: Благодарение на оваа навика!

Таа има 62 години, тело на 30-годишна и дух на тинејџерка. Таа вели дека е можно да се изгледа одлично во зрелоста, само ако имате волја.

"Нема невозможни работи во животот. Јас сум вистински пример за тоа", вели Шеила Кис.

Таа има затегнато и мускулесто тело уште од 30 години, кога се заљуби во фитнес и вежбање. Кога ќе ја погледнете, првата мисла е веројатно да се откажете од вкусните јадења и да бидете постојано на строга диета, но тоа не е ни приближно до вистината. Само една навика е одговорна за нејзината извајана фигура - редовно оди во теретана.

"Откако го родив првото дете, уплатив часови за тренирање за да изгубам неколку килограми, но се покажа дека се за вљубив во тренинг и вежбање. Знаев веднаш дека никогаш нема да престанам да тренирам. Кога првите резултати станаа видливи, бев уште повеќе мотивирана да одам во теретана“, вели таа.

Таа никогаш не била поддржувач на анорексичен изглед, туку на убаво дефинирани мускули. Го оформи телото што го има денес исклучиво преку вежбање.

Таа вели дека не се откажува од ништо во животот и дека јаде сè што сака. Поентата е да го согорите целиот вишок на калории што го ставате во телото. Кога јаде цело чоколадо и го надминува дневното препорачано внесување калории, прави неколку вежби и ги топи тие калории.

"Едноставно е, ако јадете малку повеќе, тогаш тренирате повеќе. Физичката активност е единствениот клуч за тенка фигура. Во храната треба да се ужива. Никогаш не би можела да се откажам од слатките. Не верувам во строги диети, туку само во слушање на телото и неговите потреби “.

Кога ви се јаде, јадете без грижа на совест. Сè може да се регулира во салата за вежбање.

Вели дека поминува помеѓу еден час и два во теретана дневно, а ја посетува теретаната помеѓу 3 и 6 пати неделно.


извор: stil.kurir